Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски конечно ги надмина проблемите со повредите и дебитираше за првиот тим на Риека на официјален натпревар.
Тимот на Риека славеше на гостувањето кај Рудеш со 4:2, а Велковски го одигра целото второ полувреме.
23 годишниот фудбалер имаше одлично деби за хрватскиот тим со неколку супер интервенции од кои една и од самата гол линија со која спречи сигурен гол за домашниот тим.
Вториот Македонец во второпласираниот тим во хрватското првенство, Милан Ристовски не доби прилика на оваа средба.