Де Фрај го напушта Лацио


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холандскиот дефанзивец Стефан Де Фрај по крајот на оваа сезона ќе го напушти Лацио и како слободен фудбалер ќе се пресели во редовите на Интер.

Договорот на Де Фрај со Лацио истекува следната сезона, а играчот се уште го нема продолжено истиот што му дава за право уште во јануари да преговара со некој тим.

Холанѓанецот кој игра одлично во дресот на римскиот клуб има понуда од неговиот сегашен клуб за продолжување на соработката со која би заработувал по 2,5 милиони евра по сезона, но од Интер го „напаѓаат“ со многу побогата понуда каде би заработувал по 3,5 милиони евра по сезона.

За што ќе се одлучи стоперот и каква варијанта ќе одбере за продолжување на неговата кариера останува да видиме.