Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Куманово загубија од Берое во Бугарија во првиот натпревар од финалето во БИБЛ, 84:55.
Шесте поени во низа на Гудул донесоа водство на бугарскиот клуб од пет поени, 12:7. Кумановци преку Јанески намали на три негатива, 15:12. До крајот на првата четвртина Гибсон погоди тројка, а Џонс за два за плус осум, 20:12.
На почетокот на втората четвртина Берое стигна до двоцифрено водство, 24:14. Желев постигна пет поени во низа за плус 13, 31:18. Кошаркарите на бугарскиот клуб направија серија од осум поени и со предност од 21 поен заминаа на полувреме, 46:25.
Се играше во серии во третата четвртина. Кумановци се обидуваа да ја намалаат големата негатива пред почетокот на последната четвртина, но домашните кошаркари тоа не го дозволија. Во последните 10 минути од натпреварот Берое влезе со предност од 22 поени, 62:40.
Живановиќ и Браун намалија на 17 поени негатива, 64:47. Берое пет минути пред крајот на натпреварот имаше плус 25, 72:47. Бугарскиот клуб на крајот победи со 84:55.
Гибсон го предводеше Берое до победа со 25 поени. Гудул додаде 16, Џонс 12, а Рос и Желев по 11 поени. Кај Куманово најмногу се истакна Караџовски со 14 поени. Живановиќ постигна 13, Браун 11, Јанески 7, Пековиќ и Караколев по 4, а Пековиќ 2 поени.