Дел Потро играл со скршен прст


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Најдобриот аргентински тенисер, Хуан Мартин Дел Потро 5-от сет од 4-от натпревар во финалето на Дејвис купот го играл против Марин Чилиќ го играл со скршен прст на левата рака.

    Големиот борец во одличен натпревар со пресврт успеа да ја обезбеди победата и да израмни на 2:2.

    „Го скршив прстот кога се обидов да ја фатам топката во 5-от сет. Но нема врска, ова е финале на Дејвис куп. Натпреварот беше психолошки тежок. Ја направив една од најголемите победи во кариерата. Им благодарам на сите кои ме спречија да завршам со тенисот.“

    Аргентинецот покрај триумфот во Дејвис купот во 2016 година, освои и сребрен медал на ОИ во Рио. Во финалето изгуби од Енди Мареј.