Дел Пјеро: Судијата не е виновен, не го разбирам Буфон што сака да каже


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Многумина беа сведоци на драмата во Мадрид помеѓу Реал и Јувентус, а судијата стана голем непријател на фановите на Јуве, откако досуди пенал за домаќините.

Токму тој пенал го однесе Реал Мадрид во полуфинале на Лигата на шампиони, а Буфон доби црвен картон во финишот и по натпреварот го критикуваше судијата.

„Не ми е јасно што сака да каже Буфон со неговата изјава. Тој зборуваше за минатиот натпревар, а ние не може да го гледаме минатото, туку треба да се посветиме на сегашност“, вели Дел Пјеро.