До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тој е третиот украинец кој ја има освоено наградата “Ballon d’Or”. Исто така е третиот најефикасен напаѓач во ЛШ, а исто така трет и во сите Европски натпреварувања. Во Милан е втор најдобар напаѓач, а со 14 погодоци e најдобар стрелец во “Derby della Madonnina”.
Кариерата ја започна во Динамо Киев, а фудбалските височини ги достигна во Милан. Во Челси помина сезона за заборав, а кариерата ја заврши во Динамо Киев.
После неуспехот на Украина на ЕП каде што Андреј беше помошник на селекторот, ја презеде селекторската позиција на Украина.
Успешно владееше со Динамо Киев во Украина, а во Милан освои се што можеше да се освои во Италија, недостасува само Интернационален Куп. Ако во 2003 година беше херој во победата над Јувентус во финалето од ЛШ, тогаш во 2005 година беше еден од трагичарите, бидејќи можеше да му ја донесе на Милан и втората титула во ЛШ.
Важи за еден од најдобрите напаѓачи во Европа и Серија А, одлично располагаше со левицата, а во 2004 година ја освои престижната награда ” Ballon d’Or “.
Неговото име е Андреј Шевченко.
Среќен 40 роденден Шева !!!















