Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мемфис Депај пристигна како големо засилување на „Олд Трафорд“, а со доаѓањето на Жозе Мурињо веќе нема голема минутажа.
Холанѓанецот е незадоволен, иако Јунајтед е клубот за кого навива. Се очекува уште во јануари Депај да ги напушти „црвените ѓаволи“.
Во игра за него беа Милан и Волсбруг, а сега приситигна неочекувана конкуренција. Рома е заеинтересирана за 22-годишниот фудбалер, за кој верува дека може да го донесе на „Олимпико“.
„Calciomercato“ тврди дека „волчицата“ е сериозно заинтересирана за Депај и дека ќе се обиде да го донесе на позајмица во јануари, а на лето, доколку бидат задоволни и да потпише договор со него.
Потсетуваме, Депај во 2015. година пристигна во Манчестер Јунајтед, а до сега одигра 32 натпревари и постигна само два гола.