Десет напаѓачи кои се поврзуваат со Манчестер Јунајтед


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Постојат дури 10 фудбалери кои се споменуваат во медиумите како потенцијални засилувања на Јунајтед.

    Мурињо не е задоволен од напаѓачите кои ги има во моментов, а наредното лето или во јануари, тој ќе донесе големо засилување.

    Медиумите шпекулираат за потенцијалните засилувања, а 10 имиња можевме да најдеме во последните неколку недели.

    Еве ја и листата:

    1. Антоан Гризман

    Многумина сметаат дека од Атлетико Мадрид тој ќе се пресели во Манчестер Јунајтед. Многу лесно може да се обезбеди фантастичен договор.

    Јануари не доаѓа во предвид, а најверојатно ако се реализира овој трансфер, тоа ќе биде на крајот на сезоната.

    Сумата би можела да биде рушење на рекордот кој го постави Пол Погба.

    1. Хари Кејн

    Фудбалерот на Тотенхем е најголема ѕвезда во тимот, порасна во одличен напаѓач во краток период, а сега и тој би можел да го смени клубот и да тргне по чекорите на своите претходници кои преминаа од Тотенхем во Јунајтед, како што беше случај со Мајкл Керик.

    1. Муса Дембеле

    Младиот фудбалер на Селтик е еден од најбараните играчи во светот, најмногу поради својата форма.

    Го покажа својот талент против Сити и Ренџерс. Без проблеми постигнуваше голови, многу медиуми сега го поврзуваат со Јунајтед.

    https://youtu.be/Cle7IM9KWBA

    1. Луис Суарез

    Медиумите пишуваат дека Јунајтед ќе се засили од Барселона. Искрено од ова не би требало да има нешто, поранешниот играч на Ливерпул изјави дека тој би играл само за Ливерпул.

    1. Пауло Дибала

    Напаѓачот на Јуве е одличен фудбалер, во Серија А доби репутација на добар дриблер и напаѓач со одлична завршница.

    1. Мауро Икарди

    Еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, проблемот е неговото однесување надвор од него, бидејќи често знае да дојде во непријатна ситуација.

    Сетете се на неговите проблеми со навивачите на Интер, токму поради тоа би можел да го напушти Интер.

    1. Андре Силва

    Оваа опција звучи реално, особено поради фактот дека Мурињо има добри односи со Порто, екипа со која во минатото успеа да ја освои ЛШ.

    https://youtu.be/TTXGKdLpiPY

    1. Брума

    Уште еден португалски талент, овој игра во Галатасарај.

    Медиумите пишуваат дека Мурињо е заинтересиран за него, а тој би можел да направи голем трансфер уште во јануари.

    https://youtu.be/bC3cUvUZpis

    1. Андреа Белоти

    Синиша Михајловиќ дојде во Торино и оваа сезона е многу задоволен од игрите на Андреа Белоти, 22-годишен играч кој доминира во Серија А.

    Белоти постигна 10 голови во 11 натпревари, а токму поради тоа го сака Јунајтед.

    1. Маркус Ингвартсен

    Игра за Нордсјеланд, во Данска важи за голем талент и скоро сигурно во иднина ќе направи голем трансфер.

    Арсенал е екипа која би можела да ги уништи плановите на Мурињо, но ќе видиме што ќе се случи на крајот.