До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дон Силвио отсекогаш имаше миленик, а тие пишуваа историја на големиот Милан.
Силвио Берлускони вчера го прослави 80-роденден, веројатно последен на местото претседател на Милан.
Кинеската компанија веќе влезе во процес на откуп на мнозинскиот дел во сопствеништото на клубот, а ико и тука има одредени проблеми, се очекува целата зделка сепак да заврши на обострано задоволство.
Многу работи позади себе остави Берлускони, а навивачите на Милан секако ќе го паметат по тоа што го врати сјајот на Росонерите откако во 1986 година го презеде клубот.
Истовремено, многу големи играчи продефилираа на Сан Сиро во тој период, а познато е дека Берлускони секогаш имаше миленик меѓу играчите.
Покрај Дејан Савичевиќ, кој секако зазема место во тоа одбрано друштво, тука се на пример, Роналдињо и Ривалдо, неочекувано Клаудио Борги, а интересно, ги нема Кака и Андреа Пирло, како ни Златан Ибрахимовиќ.
РОБЕРТО ДОНАДОНИ – Беше прв во низата миленици на Силвио Берлускони и тога кога тој стана претседател на Милан., Тогаш 23-годишниот играч за врска на Аталанта пленеше со брзината, а Берлускони во оваа тгрка успеа да го добие вечниот ривал, фамилијата на Ањели и тогашниот прв човек на Интер Ахиле Бортолоти. Донадони во Милан се задржа 10 години, беше мотор на екипата која доминираше во Италија и Европа, освојувајќи 17 трофеи.
https://www.youtube.com/watch?v=pOHBOgG5Suw
РУД ГУЛИТ – При самото споменување на името на овој Холанѓанец мора да се стане. И тоа не без причина.
Беше тоа љубов на прв поглед, кога Берлускони го виде во Барселона на трофеј Гампер, традиционално натпреварување во срцето на Каталонија во пресрет на сезоната.
Гулит играше во ПСВ во таа 1987 година, а Берлускони во својата прва соработка со Адријано Галијани буквално нареди да го доведе во Милан.
Шест одлични години помина Гулит во дресот на Росонерите, беше шампион на Европа два пати и стана еден од симболите на враќањето на Милан на самиот врв.
КЛАУДИО БОРГИ – Италијанската јавност, па и Берлускони го запаметија по добрите партии за Аргентинос Јуниорс против Јувентус во Интерконтиненталниот куп во 1985 година. А уште попознат стана после што година дена подоцна со Гаучоците го освои Мундијалот во Мексико. Наводно Берлускони и во оваа зделка ја победи управата на Старата дама. Не се снајде по доаѓањето во Милан, отиде прво на позајмица во Комо, но Берлускони и понатака веруваше во него. На крајот сепак пресече легендарниот Ариго Саки кој рече дека Борги не е потребен и Аргентинецот е продаден на швајцарскиот Ксамакс.
https://www.youtube.com/watch?v=GSZ8hh5yPzM
МАРКО ВАН БАСТЕН – Уште еден Холанѓанец кој со Гулит и Франк Рајкард, стана симбол на новиот Милан. Беше невозможно да не се заљубите во фудбалското умеење на таков ас. Берлускони прво гледаше видео касети со снимка од натпреварот Ајакс и Ливерпул.
„Тој мора одма да дојде во Милан“, извика Берлускони после тоа.
„Лабедот од Утрехт“.
Освои се што можеше да се освои со Милан, последниот меч го одигра во сезоната 1992.93, а уште две се бореше со повреди пред да го признае поразот во таа борба.
ЗВОНИМИР БОБАН – Хрватскиот играч за врска својата италијанска авантура ја почна пред 23 години во Бари. Милан го купи од загребски Динамо, но го проследија во Бари на позајмица бидејќи во тоа време клубовите можеа да имаат најмногу тројца странци. Бобан во тоа време беше вишок, но после само година дена се врати во голем стил меѓу Росонерите.
Техника и класа која хрватскиот фудбалер ја поседуваше многу во тие години помогнаа на Милан да остане меѓу најдобрите во Европа.
ДЕЈАН САВИЧЕВИЌ – Прв пат Милан се запозна со него во текот на еден легендарен двомеч со Црвена Звезда во 1988 година, кога маглата помогна на Росонерите да се пласираат понатака и подоцна да станат европски шампиони.
Следниот пат Берлускони се воодушеви од Савичевиќ во мечот Звезда и Манчестер Јунајтед во европскиот суперкуп во 1991 година.
Тогаш Савичевиќ го перемети умот на Црвените ѓаволи. Кога Берлускони во еден италијански весник виде монтирана слика на Савичевиќ во дресот на Јувентус, се реши повеќе да не чека ни момент. И така во 1992 година Савичевиќ стигна на Сан Сиро, каде што стана Гениј и еден од најголемите миленици на Берлускони, односно човек кој остави најголем печат во освојувањето на ЛШ во 1994 година и победата над Барселона од 4:0.
ЏАНЛУИЏИ ЛЕНТИНИ – После неколку одлични сезони во Торино, Лентини стана нова мета на Берлускони кој на крајот на 1992 година мораше да плати светски рекорд од 13 милиони фунти со цел да го доведе во Милан.
Не го интересираа првиот човек на Росонерите во овој случај, како ни во другите, советите и критиките на соработниците. Само година дена после доаѓањето на Сан Сиро, Лентини доживеа страшна сообраќајна среќа, кога ќе се погледне од оваа перспектива, го чинеше и подобра кариера. Најмногу беше повреден, како што самиот призна еднаш, а слично беше и кај Савичевиќ, што Капело му даде шанса на лажица во финалето на ЛШ против Ајакс во 1995 година.
ФИЛИПО ИНЗАГИ – Како ти, Филипо Инзаги, можеш да постигнеш голови и истовремено трошиш толку енергија на жените“, го запраша Берлускони убиствениот центарфор година дена после што го дојде на Сан Сиро.
Го доведе за 36 милиони евра. Од првиот гол во 2001 година против Бреша до последниот во 2014 година во дуелот со Новара, Инзаги го задржа препознатливиот стил на игра. Мрежата ја тресе секогаш кога беше најважно и собори повеќе клупски голгетерски рекорди.
РИВАЛДО – Освојувачот на Златната топка од 1999 година беше прв играч на светот кој ја проби границата со плата од 4 милиони евра годишно.
Берлускони во 2000 година вети дека ќе го доведе во Милан и тоа само неколку моменти поради тоа што постигна хет-трик на неговите Росонери во ЛШ.
И на обострано задоволство, трансферот е реализиран во лето 2002 година кога Ривалдо стигна како освојувач на Мундијалот со Бразил, а маркетингот на Милан го трие рацете поради оваа реализирана зделка. Не ги повтори Ривалдо партиите од Барселона, но освои ЛШ.
РОНАЛДИЊО – Некогаш најдобриот фудбалер на свето и веројатно последна голема маркетиншска мега зделка на Милан од Берлускони. Бразилецот во 2008 година дојде од Барселона, а Росонерите му приредија спектакуларен дочек.
„Тоа е најголемиот играч кој Милан го имаше“, рече Берлускони.
Се задржа три години во дресот на Росонерите, а освои и трофеј шампион на Италија.















