Дете, еве ти 3 пати поголема плата и договор на 4 години!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Младиот играч на Јунајтед, Менса доби договор до 2020 година со можност на продолжување на уште една сезона, објави сајтот на клубот. Тој неделно ќе добива околу 15 илјади евра наместо досегашните 5 илјади.

    Тој е продукт на младинската школа на која и се приклучи во 2014 година. Договорот е направен во август, но беа потребни уште 2 месеци за да се договорат некои детали.

    „Воодушевен сум што потпишав нов договор. Уживам во секоја минута која ја поминувам во клубот и сакам да продолжам да напредувам. Учам секој ден многу од тренерот и стручниот штаб.“

    Мурињо исто така е задоволен од договорот.

    „Тој е млад играч со голем потенцијал. Задоволен сум бидејќи потпиша нов договор и воодушевен сум како напредува досега. Учи многу на тренинзите, ќе има многу шанси за него да покаже што знае.“

    Овој играч има 18 години, а овој потег покажува дека Јунајтед сериозно смета на него.