Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најплатениот играч во Премиер лигата, Алексис Санчез моментално е надвор од фудбалските терени поради повреда, па некое време нема да биде во ростерот на Мурињо.
Чилеанецот пред повредата беше во ужасна форма, во суштина како и целиот тим на Јунајтед, а неодамна одлучи да се врато во Чиле за малку да се одмори и таму да ги мине празниците.
Чилеанецот во меѓувреме во текот на патувањето посети и група со мали деца за да им подели подароци за празниците. Алексис им зборуваше за животот и во еден момент им кажа дека не е исправно да пијат алкохол и да пушат цигари, а потоа следеше шок.
Едно од децата го запраша: „А Артуро Видал?“. Сите почнаа да се смеат, а Алексис немаше одговор на тоа.
Познато е дека Артуро Видал е борец на теренот, но исто така често во медиумите осамнува неговиот приватен живот поради некои глупости кои би ги направил, а тој покрај Алексис Санчез е една од најголемите ѕвезди во Чиле и сигурно е дека тоа не е добар пример за децата.
– @Alexis_Sanchez : “yo no fumaba ni tomaba”
– Cabro ql : “Y como el arturo?”
?? pic.twitter.com/YGVBZXTzmp— flower (@idieego) December 14, 2018