Ди Франческо со важна порака пред дуелот со Парма: Џеко е подготвен, но …


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По победата против Сасуоло на домашен терен од 3:1, Рома викендов ќе гостува кај Парма, а Ди Франческо уште не е сигурен дали тој меч ќе го почне капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

„Шик е добро, тој денес тренираше нормално со екипата. Беше повеќе уморен отколку што се работеше за некоја повреда. Џеко е подготвен, но тоа е одлука која морам да ја донесам. Можеби двајцата би можеле да го почнеме мечот. Имам доста фудбалери кои дури сега закрепнаа од повредите и не се потполно подготвени, па морам да донесам уште некои одлуки“, истакна ЕДФ.

Тој исто така зборуваше и за расизмот на фудбалските терени во Италија и го поддржа колегата од клупата на Напили, Карло Анчелоти кој по мечот Интер – Наполи и навредите кон Колибали истакна дека следниот пат пат ќе ги изнесе фудбалерите од терените.

„Потполно сум согласен со Карло. Го поддржувам во она што го кажав. Ако државата не може да ги регулира овие проблеми, тогаш ние треба да дадеме важни одговори. Имам чувство дека навивачите некогаш повеќе одат на стадион да ги навредат противничките играчи отколку да ги поддржат своите. Мораме да бидеме цврсти и одлучни во намерата да се откажеме од некои однесувања“, додаде тој.