До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Директорот на Јувентус Џузепе Марота ги искоментира гласините дека Леонардо Бонучи на крајот на сезоната треба да потпише за Манчестер Сити.
Како што истакна, во тие нема вистина бидејќи стоперот на Јувентус не е продажба.
„Не сум слушнал дека Бонучи заминува. Немаме намера да го продадеме на Сити“, порача директорот на Јувентус.
Манчестер Сити силно сака да го доведе квалитетниот стопер посебно поради фактот дека Винсент Компани има големи проблеми со повредите.
Граѓаните, наводно, за Бонучи се спремни да понудат дури 50 милиони фунти, но се чини дека и тоа ќе биде недоволно.















