Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Дури 13 натпревари беа одиграни минатата ноќ во НБА.
Фантастична ноќ имаше Лав кој постигна 40 поени во победата на Кливленд против Портланд со 137:125. Од дтие 40 поени дури 34 постигна во првата 1/4., па стана играч со најмногу поени во една ¼.
https://youtu.be/VvPFSi1MWB8
Кај Портланд во овој натпревар најдобар беше Лилард кој исто така имаше 40 поени, а треба да се каже и дека ЛеБрон Џејмс имаше трипл-дабл, односно постигна 31 поени, 13 асистенции и 10 скокови.
Реордер на вечерта е Ентони Дејвис. Неговиот Њу Орлеанс лесно ја победија Минесота со 117:96, а Дејвис натпреварот го заврши со 45 поени и 10 скокови.
Голден Стејт го „скршија“ Лејкерс со 149:106.
Триото Кари, Дурант и Томпсон играше одлично, а постигнаа 31, 28 и 26 поени.
Победничките серии ги продолжија и Сан Антонио и Клиперс додека нов пораз доживеа Оклахома, овој пат од Сакраменто.
Останати резултати:
Шарлот – Сан Антонио 114:119
Кливленд – Портланд 137:125
Индијана – Атланта 85:96
Орландо – Феникс 87:92
Филаделфија – Мемфис 99:104
Бруклин – Бостон 92:111
Детроит – Мајами 107:84
Хјустон – Торонто 102:115
Далас – Клиперс 104:124
Јута – Денвер 108:83
Њу Орлеанс – Минесота 117:96
Голден Стејт – Лејкерс 149:106
Сакраменто – Оклахома 116:101