Дојде како големо засилување, а сега заминува од Барселона?

Колумбискиот фудбалер Џери Мина во јануарскиот преоден рок стигна во Барселона од бразилски Палмеирас како засилување во дефанзивата.

Меѓутоа, иако стигна пред неколку недели, Мине нема дебитирано за Каталонците, а како што стојат работите, такво нешто нема да се случи. Валверде не е задоволен со игрите на овој играч на тренинг и поради тоа не му дава шанса.

„Мундо Депортиво“ објави вчера дека Валверде сериозно размислува Мина да го испрати на позајмциа во некој друг клуб затоа што верува дека не му е потребен во моментов. Не е познато дали веднаш ќе ја напушти Барселона и ќе се врати во Бразил.