Дрогба најави крај на кариерата

Еден од најдобрите голгетери од поновата генерација на Челси, Дидие Дрогба објави дека следната сезона ќе биде последна во неговата кариера.

Дрогба, кој моментално настапува за Феникс Рајзинг чиј и косопственик е, во март кога ќе започне лигата ќе наполни 40 години, а во ноември ќе ги закачи копачките на клин.

„Следната сезона ќе биде моја последна. Во еден момент мора да кажеш дека е готово и ќе го сторам тоа за да се посветам на новите проекти. Добро е да играш, но со 39 години сепак малку е тешко“- истакна Дрогба за „РМЦ Спорт“.

Робусниот напаѓач од Брегот на Слоновата коска во кариерата има настапувано во повеќе клубови, а најголем впечаток остави играјќи за Челси.