Евертон ја доби битката за Сандро


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Спортс“ трансферот на Сандро Рамирез во Евертон е готова работа откако Шпанецот ставил потпис на петгодишен договор со „Карамелите“.

Поранешниот играч на Барселона за сума од 5.25 милиони фунти ќе се пресели на „Гудисон парк“ и ќе го добие дресот со број 9.

Рамирез во Евертон доаѓа од редовите на Малага каде играше минатата сезона и каде постигна 16 погодоци, а исто така запиша и пет асистенции.