Евра ја објави јавно преписката: Роналдо порача „Ќе ги разбиеме…“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Францускиот фудбалер, Патрис Евра објави на Твитер дел од разговорот со Кристијано Роналдо неколку дена пред реваншот помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид.

Роналдо блескаше против „Јорганџиите“. Постигна хет-трик во победата од 3:0, а Евра пред мечот во порака му напишал дека Јувентус ќе го разбие Атлетико.

„Ова се пораки помеѓу мене и Кристијано пет дена пред големото враќање. Ова само покажува каква самодоверба и посветеност има најдобриот играч на светот. Треба да кажеме благодарам на мајката и таткото и секако на Бог што ни дал вака прекрасен човек и неверојатен играч“, напиша Евра и додаде:

„Во секоја прилика под голем притисок мојот брат покажува кој е главен. Не бидете љубоморни, само сакам да ви го покажам ова, а ако не се согласувате со мене, не можам да ви помогнам. Уживајте во животот, но морате да признаете дека тој е најдобриот меѓу најдобрите. Не се обидувајте да го откриете бројот на телефонот“, напиша Евра.

Во разговорот Роналдо јасно порачува:

„Ќе минеме брате. Ќе ги разбиеме“, напишал Кристијано.

На крајот тоа и се случи. Роналдо го разби Атлетико, го постигна 25. погодок во кариерата и го одвете Јувентус во четвртфиналето.

Вака изгледал разговорот…