Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, минатата сезона ја воодушеви јавноста со своите настапи и беше прогласен за најдобар играч во Премиерлигата.
Со одличните настапи Салах беше во конкуренција и за најдобар играч во светот, а во изборот на ФИФА заврши дури и пред Лионел Меси.
Меѓутоа, сезонава Салах е далеку од минатогодишната форма, па многумина се сомневаат дека Египќанецот ќе се врати во форма.
Меѓутоа, еден од египетските аналитичари реши да објасни зошто Салах не игра најдобро сезонава. Ахмад Јусеф важи за фудбалски експерт во Египет, а тој зборува дека воопшто не е чудно што Салах е надвор од форма, а понуди три причини поради тоа.
„Постојат некои работи поради кои Салах не може да биде фокусиран само на теренот и не е добар како минатата сезоната. Тука се правата за фотографии со кои се тужи во Египет, повредата од Рамос и начинот на кој се однесуваа кон него во египетскиот сојуз во текот на Мундијалот. Тоа му ја уништи мотивацијата и самодовербата“, кажа Јусеф.