Еден клуб ја затвори вратата за Мурињо: Остануваат само уште две трансфер мети


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо и дефинитивно доби „корпа“ од редовите на Лестер кога се работи за трансферот на Хари Мегваер.

Оваа информација ја објави новинарот на „Скај Спортс“, Роб Дорсет кој истакна дека доаѓањето на Филип Бенковиќ во Лестер нема да влијае на останувањето на Мегваер во тимот.

Новинарот изјави дека од Лестер категорично им кажале дека фудбалерот не е на продажба и нема шанси да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Подоцна со свој став се јави и тренерот на Лестер Сити, Клод Пуел кој шеговито изјави дека Мегваер ќе оди во Манчестер.

„Можам да потврдам дека тој ќе оди во Манчестер. Но само на два часа кога ќе играме против нив во петок“- изјави Пуел.