Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот весник „Марка“ пренесува дека левиот бек на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис би можел да си замине од клубот штом неговиот договор истече по крајот на оваа сезона.
33 годишниот фудбалер еднаш ги напушти „Јорганџиите“ кога се реши да се пресели во Челси, но по неуспешната авантура во Лондон се врати во старото јато.
Минатото лето беше блиску до преселба во редовите на ПСЖ, но до таков трансфер не дојде, па сега следното лето со сигурност ќе се раздели по втор пат со Атлетико Мадрид и кариерата ќе ја продолжи на друго место.
Сезонава Луис беше стандарден на левата бековска позиција и одигра вкупно 17 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна два погодоци,а успеа да запише и две асистенции.