Еден час се мачеа, а потоа за две минути дадоа два гола: Баерн пред победа во Грција (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен долго време се мачеше да го скрши отпорот на тимот на АЕК. Баварците цел еден час не успеаја да го најдат патот до мрежата на грчкиот тим, но потоа за само две минути погодија два пати.

Најпрво Хави Мартинез со убав удар го отвори резултатот во 61. минута, а две минути подоцна Роберт Левандовски зголеми на 2:0.