Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минхенски Баерн го декласираше ХСВ со 8:0 во дуелот од 22 коло од Бундеслигата.
Повторно баварскиот гигант изгледаше моќно како некогаш. Мрежата на тимот од Хамбург до врв е наполнета, а тренерот на Баварците Карло Анчелоти е презадоволен од тоа што го виде.
Италијанскиот стручнак настапот на своите фудбалери го гледа како перфектен.
Интересно, ова му беше 1000 меч како тренер.
„Перфектен ден и перфектна игра. Им реков на играчите за овој јубилеј да ми подарат добра игра, но ова не го очекував. Среќен сум поради ова и се надевам дека во наредните натпревари ќе имаме ваков пристап“, рече Карло Анчелоти после демолирањето на ХСВ.
Од 1000 натпревари во кариерата Анчелоти доби 591 мечеви и сигурно е еден од најголемите тренери во последните дваесет години кој работеше на Стариот континент.
Баерн со вчерашната победа остана ба пет бодови пред Лајпциг, додека трета е Борусија Дортмунд со заостанување од дури 13 бодови.