Ел Хадари се збогуваше со репрезентацијата на Египет

Египетските голман Есам Ел Хадари, кој летово стана најстариот играч кој учествувал на светските првенства, ја заврши кариерата.

Ел Хадари летово на 45 години и 161 ден стана најстариот играч на Мундијалите. За националниот тим дебитараше во далечната 1996. година, а на голот на репрезентацијата беше на 159 натпревари.

„По 22 години, четири месеци и 12 дена, верувам дека дојде момент да ја завршам репрезентативната кариера. Горд сум што со успех ја претставував мојата земја“, кажа Ел Хадари.