До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас денес ќе има шанса да дебитира за тимот на Фенербахче.
Нашиот репрезентативец се наоѓа на клупата за резервни фудбалери за натпреварот кој Фенербахче ќе го игра против Истанбулспор во рамките од Купот на Турција.
Многумина очекуваа Елмас да добие шанса од првата минута, но тренерот Ајкут Кочман се реши за почеток да го стави на клупата за резервни фудбалери. Навивачите на Фенер на социјалните мрежи негодуваат зошто Елмас го нема во првите 11 на натпреварот против тимот од втората по квалитет турска лига.
Фенербахче има предност од 2:0 по првиот натпревар од купот.















