Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемиот македонски фудбалски талент, Елиф Елмас со своите игри и однесувањето на теренот полека се наметнува кај новиот тренер на Фенербахче, Филип Коку.
Холанѓанецот има голема доверба во нашиот талент и трет натпревар по ред му дава шанса од првата минута на подготвителните натпревари.
На денешниот натпревар против Феенорд на кој Фенербахче уште на полувреме има висока предност од 3:0, нашиот репрезентативец го постигна и својот прв гол во дресот на турскиот клуб.
Елмас во седмата минута налета на една одбиена топка и го матираше Бијлов. Во 14. минута Џулијано од пенал зголеми на 2:0, а во 18. минута Валбуена ги постави конечните 3:0 во првиот дел.