Енди Мареј – Мислам дека повредата на зглобот не е сериозна


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новинарите на конференцијата ги интересираше во каква состојба е неговиот зглоб затоа што после победата тој кажа дека не мисли дека станува збор за лоша повреда.

„Не можам со сигурност да кажам ништо. Најважно е дека можам да се потпирам на ногата, а штом е така значи дека не е ништо сериозно. Одев на третман по натпреварот, па ќе видиме наутро кога ќе станам во каква состојба ќе биде.“

На прашањето дали ногата му е отечена, тој кажа дека нема проблеми.

„Засега немам отечена нога, меѓутоа не се знае. Може преку ноќ да се појави. Утре ќе се знае се.“

„Се загрижив, особено кога почуствував болка во ногата. Тоа влијаеше на мене во остатокот од натпреварот. Покрај се мислам дека добро се движев на теренот, иако ме налути таа ситуација.“

Мареј во 3-то коло ќе игра против Сем Квери.