Жиру: Ме посакуваа неколку одлични клубови


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Оливие Жиру истакна дека Борусија Дортмунд, Севилја и Рома биле заинтересирани за неговиот потпис пред тој да се пресели во Челси во последниот ден од преодниот рок.

Французинот бил убеден лично од Конте да остане во Лондон и во Премиер лигата и да потпише за актуелниот шампион на Англија.

„Имав понуда од Дортмунд, но тие ме сакаа на позајмица. Севилја беше заинтересирана, а Рома го контактираше мојот агент. Но кога Конте ми кажа дека смета на мене, мојата одлука веднаш беше донесена“- коментираше 31 годишниот напаѓач.

Жиру вчера го имаше своето деби за Челси, но многу веројатно ќе сака што побрзо да го заборави со оглед на високиот пораз на „сините“ од Вотфорд со 4:1.