До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Повремениот македонски репрезентативец, Леонард Жута го продолжи својот договор со тимот на Риека до крајот на сезоната 2018/19. Риека ја активира опцијата за продолжување на договорот на нашиот интернационалец кој по неговото пристигнување на „Рујевица“ е стандарден на левата бековска позиција.
„Секогаш ќе давам 100 проценти за Риека, како што и давав за секој клуб во кој играв. Тоа за мене е прашање на гордост, секогаш да го давам максимумот каде и да играм. Не е важно кој не напуштил оваа сезона, за Риека во овој момент е најважен фактот што има верни навивачи кои секогаш ќе бидат со овој клуб“- коментираше Жута по продолжувањето на договорот со се уште актуелниот шампион на Хрватска.
Риека оваа сезона игра под очекувањата и се наоѓа на четвртата позиција на првенствената табела со 15 бода заостанување зад лидерот Динамо Загреб.















