Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа недела на програмата е престижниот турнир од серијата Мастерс 1000 кој се одржува во Синсинати.
Овој турнир ќе биде дополнително интересен затоа што Рафаел Надал и Роџер Федерер ќе водат битка за враќање на челното место на АТП листата. Шпанецот не бил прв од јули 2014 година, додека Федерер на првата позиција чека уште од ноември 2012 година.
Токму овие двајца се први носители на турнирот во Синсинати и меѓу нив се очекува жестока борба за враќање на врвот.
Надал во овој „двобој“ влегува со предност од 310 бодови, а за тоа може да му се заблагодари на Александер Зверев кој го победи Федерер во финалето во Монтреал.
Федерер за првата позиција ќе треба да обезбеди пласман во полуфиналето но со услов Надал да не ја помине првата пречка на турнирот. Само една победа на Надал на Федерер како императив ќе му го наметне пласманот во финалето. Доколку Шпанецот се пласира во полуфиналето, тогаш Федерер за да дојде до тронот ќе мора да го освои насловот во Синсинати.
Сите овие математики може да паднат во вода доколку Федерер не се појави на турнирот по повредата на грбот која ја заработи на натпреварот против Зверев.