Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
И покрај доказите дека состојбата станува се полоша, Зидан одбива нешто да смени. Неговата верба во тимот кој ги започнува натпреварите е голема, иако тоа му штетеше на Реал.
Зидан верува дека таквиот пристап донел успеси во 2017 година, но еволуцијата на екипата е важна во создавање на добри резултати. Поранешниот играч на Јувентус е убеден дека има доволно силен тим на располагање и тие ќе може да го нападнат трофејот во ЛШ.
Очигледно дека заминувањата на Мората, Родригез и Пепе го ослабеле Реал, а не беа купени адекватни засилувања, а нема ниту да бидат купени во јануари.
Поради тоа се зборува дека позицијата на Зидан во клубот е „на конец“ и дека единствено нов успех во елитното натпреварување би го убедило Перез да го остави Французинот во клубот.