„Заминувам како победник!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендарниот Мирко Филиповиќ потврди дека ја завршил кариерата. Кро Кап вчера се врати во Хрватска со нов шампионски појас, а во разговори за медиумите соопшти дека нема намера повеќе да се бори.

„Мили пријатели и сите кои ја следевте мојата кариера, сакам да ве известам дека ова беше мое последно натпреварување. Коленото ми е повредено и се полни со течност по секој напоред тренинг. Ме чека повторно операција на коленото.“

„Последните 4 недели не можев да трчам поради болки во коленото и не сакам да го изгубам. Сакав да го освојам турнирот во Јапонија и тоа го сторив, а сега заминувам како шампион.“

„Мислев дека ќе можам да одработам уште една борба, но тоа тешко може да се оствари. Сега заминувам на најдобар можен начин, како победник, а тоа е непроценливо.“