Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер и легенда на Барселона, Лионел Меси одбил да се пресели во редовите на Манчестер Сити, иако клубот од Англија му понудил трипати поголема плата од таа што ја заработува во Барселона.
Ова го откри претседателот на управата на „Граѓаните“ Калдон Ал Мубарак кој призна дека во процесот на преговори го вклучил и Пеп Гвардиола. Шпанскиот тренер е во одлични односи со Меси, но и тоа не го убедило Аргентинецот да си замине од „Камп Ноу“.
„Лео Меси е единствениот играч кој го сакав а не успеав да го донесам. Баравме дури и од Гвардиола да зборува со него и да го убеди да дојде. Му нудевме три пати поголема плата од онаа која ја заработува во Барселона, но Меси не сакаше ни да слушне за тоа“- порача Ал Мубарак.