Звезда немоќна против Баскониа, Панатинаикос изгуби на продолженија


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Лошата игра во нападот резултираше со пораз на Црвена Звезда на домашен терен против Баскониа со 63:70.

    Црвена Звезда многу лошо влезе во натпреварот, а така продолжи и во текот на целиот натпревар. Имаа само една шанса кога се доближија на 2 поени, но Баскониа се „освести“ и ја превзема иницијативата, па конечниот резултат беше 63:70.

    Во тимот на Црвена Звезда најефикасен беше Марко Гудуриќ кој имаше 12 поени, а кај Баскониа најдобри беа Бубуа и Ларкин со по 16 поени.

    На останатите резултати Жалгирис и Дарусафак одиграа интересен натпревар кој заврши со победа на гостите со 83:80. Неизвесноста траеше буквално од почетокот до самиот крај на натпреварот, но гостинскиот тим стигна до победата благодарение на освоената ¾ со 35:21.

    Во последниот натпревар Анадолу Ефес беше поуспешен од Панатинаикос по многу возбудлив натпревар по дури 2 продолженија, со резултат 91:83.