Здодевно реми на „Гудисон парк“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евертон и Ливерпул одиграа здодевно реми во рамките од 33. коло од Премиер лигата. Ова со право беше едно од најздодевните натпревари помеѓу овие два тима во последните неколку години.

Клоп изведе комбиниран тим со кој му се спротивстави на Евертон чувајќи ги најдобрите играчи за реванш средбата со Манчестер Сити.

И на двете страни видовме по неколку прилики кои не беа доволни за да се затресе некоја од мрежите на голманите.

Ливерпул со овој бод останува на третата позиција на табелата со 67. поени, додека Евертон сега има 41 поен и се наоѓа на деветтото место.