Зидан најави враќање на важни фудбалери, а одговори и на прашања за Мбапе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид утре го пречекува Селта виго од 16.15 часот, а тоа ќе биде шанса за успешен почеток на Зинедин Зидан, кој направи неколку промени.

Зидан се врати неодамна на тренерското место во Реал Мадрид и утре ќе има „деби“, а тоа што е сигурно е дека нема да може да смета на Виничиус, Карвахал, Маркос Љоренте и Лукас Васкез, а од првата минута ќе играат Марсело и Иско.

На денешната прес-конференција Зидан зборуваше за Бејл, кој ги разочара навивачите сезонава.

„Нема да зборувам за сезоната на Бејл, останаа уште 11 натпревари и ќе сметам на него. Герет е подготвен да игра“, кажа Зидан.

Новинарите ги интересираше и дали Реал може да го купи Килијан Мбапе наредното лето.

„Нема да зборувам ниту за фудбалер кој не е мој, тоа што можам да ви кажам е дека Нејмар и МБапе имаат многу квалитети“, објасни Французинот.

Зидан доби прашање и за загубениот шампионат во Шпанија, а имаше интересен одговор.

„Имаме уште 11 натпревари и сакаме да победиме во сите од нив. Нема да кажам дека ќе ја освоиме лигата, но мора да се потрудиме на теренот и да видиме како ќе заврши“, објасни Зидан.

Имаше и прашање дали сака да го тренира Мбапе.

„Убаво е да се тренираат добри момци, но не е време за разговор за тоа“, кажа Зидан.