Зидан не пушта еден од своите фудбалери да замине од Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зинедин Зидан, по враќањето на тренерската клупа на Реал Мадрид, реши да промени многу работи во клубот.

Во екипата се вратија отпишаните Марсело, Иско и Кејлор Навас, а иако во шпанските медиуми се пишуваше дека тројцата ќе ги напуштат „кралевите“, сепак такво нешто најверојатно нема да се случи.

Фантастичниот Бразилец имаше тешка сезона под водство на Сантијаго Солари. Аргентинецот не му даваше шанса за игра, па голем дел од натпреварите 30-годишниот лев бек ги следеше од клупата.

Медиуми пишуваа дека Марсело ќе го напушти Реал Мадрид по 12 години и ќе потпише четиригодишен договор со Јувентус, но Зидан нема намера да го пушти.

Францускиот тренер јасно му порачал дека ќе смета на него во иднина, па не му дозволува да го напушти клубот и постои голема можност бразилскиот дефанзивец и понатаму да го носи дресот на „кралевите“.

Марсело е голема легенда на Реал, па само 22 натпревари му недостигаат за да стигне до бројката до 500 во кариерата за шпанскиот клуб.