До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синпќа го играа мечот од 2 коло од Европа лига против украинската екипа Зориа.
Во стартниот состав на тимот од Олд Трафорд се најде и Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ кој речиси и да заборавил кога тој играл во Европа лига.
Иако промени во кариерата голем број на клубови, Ибрахимовиќ долго време не заиграл во ова натпреварување.
Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ не играа Европа лига кога нивен член беше Златан Ибрахимовиќ.
Сепак, Манчестер Јунајтед во минатата сезона низ Премиер лигата избори право за настап „само“ во Европа лига, и Златан синоќа конечно заигра во ова натпреварување.
Тоа му беше прв старт во Европа лига од 1 ноември 2001 година. Тогаш играше во дресот на Ајакс и тоа против Копенхаген.















