Знаете ли кое е најисплатливото засилување на сите времиња?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Цените на фудбалерите во модерниот фудбал одамна срушија многу граници.

    Да се даде 50 милиони за некој играч не е ништо за некои клубови, особено за тие во ПЛ.

    Но, некои нозе немаат цена. И денес постојат фудбалери кои нивните клубови не сакаат да ги продадат. Тие немаат цена, барем така изгледаше, но во услови на луд пазар, парите може да направат се.

    Тука доаѓаме до големата Барселона и нивниот феноменален Лионел Меси. Според медиумите во последниот договор на Меси има откупна клаузула од 250 милиони евра. Цело богатство, отприлика двојно повеќе од тоа што Јунајтед плати за Пол Погба.

    Меси е всушност најисплатливото засилување на Барселона во историјата. Производ е на нивната младинска школа, тие го научија на професионален фудбал, не плаќаа милиони за него и го направија еден од најдобрите во историјата. Каква инвестиција! Не е платен ниту евро, никогаш нема играно за друг клуб, а денес ако сака да го продаде Барселона би заработила 250 милиони.