„Знам дека Џерард ќе се врати на Енфилд“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ е еден од голем број кои преку друштвените мрежи покажаа благодарност до Џерард и го испратија во пензија.

    Стариџ, кој со Џерард беше соиграч во клубот и репрезентацијата верува дека поранешниот капитен ќе се врати на „Енфилд“.

    „Прв пат те сретнав во тренинг кампот на репрезентацијата, бев нервозен како никогаш претходно и ти беше првиот кој ме поздрави.“

    „Ми покажа многу љубов и ми рече дека би било добро кога би дошол во Ливерпул. По неколку месеци, потпишав договор и секако прв човек кој ме пречека беше Џерард.“

    „Многу работи постигнав во Ливерпул благодарение на Џерард.“

    „Исто така, научив многу од тебе како човек, за работите надвор од теренот. Голема чест и вистински благослов е тоа што бев твој соиграч.“

    „Ти посакувам се најдобро. Сигурен сум дека еден ден ќе се вратиш во Ливерпул и ќе бидеш лидер и легенда како што беше во твоите денови како играч.“