Зошто заменк претседателот на Монако го нарекуваат „Мистер 10%“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиапарт пренесува навистина занимливи информации кои се поврзани со заменик претседателот на Монако, Вадим Василјев, па во продолжение ќе сфатите зошто овој бизнисмен го викаат ,,мистер 10%”.

Да ве потсетиме, се работи за руски бизнисмен кој ја врши функцијата потпретседател на Монако од летото 2013 година, а отогаш покрај платата заработи и големи пари заради бонуси од 10 проценти на продавање на играчи.

Со оглед дека Ваилјев е главен и одговорен човек за трансфер политиката на Монако, тој има привилегија да има во договрот клаузула според која добива 10 проценти од секој трансфер односно обештетување кое клубот го зема кога продава некој играч.

Треба да го споменеме и тоа дека во оваа клаузула има една „финта“, со оглед дека се однесува на апсолутно сите трансфери, па ако клубот продаде некој играч за помалку пари во однос на онаа сума за која го купле, Василјев во тој случај ќе биде минус 10 проценти.

Со оглед на тоа што добро знаеме како Монако работи на тоа поле во последните сезони јасно е дека Василјев добро ги наполнил џебовите, а се наведува дека само во сезоната 2015/2016 од оваа клаузула остварил добивка од 5.4 милиони евра.

Се очекува во сезоната 2017/2018та година да заработи уште поголеми пари со оглед дека клубот за големи суми го напуштија играчи како Бакајоко. Мбапе, Бернард Силва или Мендиј.

На сето ова додаваме дека Василјев за три сезони (од 2013 до 2016) остварил и добивка на комерцијални производи, маркетинг, спонзорство, партнерство и добивка на продавање на имот, па и од сето тоа заработил околу 1,8 милиони евра само во сената 2014/2015.