„И Ѓоковиќ и Федерер се нервозни“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Шпанскиот тенисер Рафаел Надал вели дека сите играчи се нервозни на теренот, но дека некои подобра ја контролираат таа нервоза.

    „Треба пред се да се забавувате. Јас на себе си зборувам дека најлошо што може да ми се случи е да изгубам. Сите играчи се нервозни, дури и Ѓоковиќ и Федерер. Кој вели поинаку, не ја кажува вистината.“

    На прашањето што би правел да не е тенисот, Надал немаше одговор.

    „Не знам навистина што би правел затоа што се посветив на тенисот од 15 години. Секако би сакал да одам на факултет. Но, благодарение на тенисот патував низ светот и открив нови места и нови култури.“