Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски испрати дополнителен повик до играчот на Работнички, Кире Маркоски за натпреварот против Норвешка кој на 11. ноември ќе се игра на „Филип Втори“ арената.
Маркоски доаѓа како замена за Несторовски кој по барање на Палермо беше ослободен од репрезентативните обврски.
Поради повреда за мечот со Норвежаните ќе отсуствува и играчот на Твенте, Никола Ѓорѓев, додека пак висат настапите за Висар Муслиу и Кире Ристевски.