Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во четирите години кои бев во Париз, никогаш не отидов да ја видам Ајфеловата кула, изјави Златан Ибрахимовиќ за списанието на Манчестер Јунајтед.
Сепак, многу брзо на интернет се прошири слика со една презентација на Ибра во Париз, која се одвиваше точно пред Ајфеловата кула. Ибра очигледно тоа не го смета за посета.
„Побарав да ја заменат Ајфеловата кула со моја статуа, но не го направија тоа. Ако го направат тоа, можеби ќе одам таму“, изјави Ибра.
Швеѓанецот минатото лето од ПСЖ се пресели во Манчестер Јунајтед, па поради тоа Ибрахимовиќ зборуваше и за животот во Манчестер.
„Многу слушав за овој град, на времето, но сега за сега е одлично. Јас доаѓам од Шведска, не имав некои очекувања што се однесува на работите надвор од теренот. Јас сум човек кој го сака своето семејство, сосема едноставно“, вели Ибрахимовиќ.