Ибрахимовиќ им се извини на навивачите на Манчестер Јунајтед


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера остварија победа на гостувањето против Свонси (3:1) во рамките на 11. коло од Премиер лигата.

    Црвените ѓаволи ја прекинаја лошата серија на тешкото гостување, а на теренот брилијантен беше Златан Ибрахимовиќ кој постигна два гола. Сепак, поради жолтиот картон Ибрахимовиќ нема да може да настапи на следниот натпревар против Арсенал.

    „Им се извинувам на навивачите на Манчестер Јунајтед поради што го добив жолтиот картон и што нема да настапам против Арсенал. Ми рекоа дека во Англија мора да играм пооштро, но секогај пат кога се обидувам да играм на тој начин добивам жолт картон. Навистина многу ми е жал што нема да играм во дербито против Арсенал“, изјави Ибрахимовиќ.

    Манчестер Јунајтед против Арсенал ќе игра на 19. ноември по репрезентативните паузи. Се шпекулира дека по долго време Руни би можел да се најде на напаѓачката позиција на тој натпревар.