Ивановски со нов гол за Хајдук (Видео)

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски го постигна својот втор погодок во дресот на новиот клуб, Хајдук Сплит.

Битолчанецот беше стрелец на денешниот натпревар кој неговиот тим убедливо го доби со 4:0 против рускиот тим на Ростов. Ивановски беше стрелец на третиот погодок на тимот во 59. минута.

Претходно врз нашиот интернационалец беше направен пенал кој во сигурна реализација го претвори Чакташ.