Играч на ПСЖ сака што побрзо да си замине од клубот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Младиот и перспективен фудбалер на ПСЖ, Тимоти Веа сака да си замине од тимот во јануарскиот преоден рок.

Фудбалерот кој одлично ја започна сезоната, во отсуство на ѕвездите на ПСЖ кои беа на Светското првенство,ја загуби минутажата и сега ќе бара да замине на позајмица во јануари за редовно да игра првотимски фудбал.

Тимоти Веа е син на познатиот Џорџ Веа, а во таборот на францускиот гигант е уште од 14 годишна возраст.

„Засега, не играм, но секогаш сакам да напредувам. Очекувам да дојде моето време и очекувам да бидам испратен на позајмица наскоро“- истакна Веа кој во моментов е со националниот тим на САД.