Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џанлуиџи Буфон со максимален респект зборуваше за Монако пред денешниот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Легендарниот италијански чувар на мрежата ќе има задача да ги запре ѕвездите на Монако во прогрес како 18-годишниот напаѓач Килијан Мбапе, кој не се ни роди кога Буфон блескаше во Серија А.
„Кога бев млад се чувстував непобедлив, тоа исто сега го имаат и играчите на Монако. Многу се храбра екипа, сакаат да напаѓаат и тоа го работат одлично“, изјави Буфон во пресрет на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, па додаде:
„Монако имаат млада и ентузијастичка екипа која оди заедно од оваа година. Но мислам дека во текот на овие два натпревари искуството ќе биде на наша страна“, истакна Буфон.
Буфон се надева дека на крајот на кариерата ќе успее да го освои единствениот голем трофеј кој му недостасува, тој од Лигата на шампионите.