Игуаин правел проблеми од самиот почеток на „Сан Сиро“ за да замине од Милан!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гонзало Игуаин вчера потпиша за Челси и стана нивната нова „деветка“, а италијанските медиуми денеска пишуваат дека Аргентинецот од самиот почеток на „Сан Сиро“ сакал да го напушти Милан.

Проблемите почнале веднаш, па Игуаин се жалел на сите, а во мечот против Калјари ги обвинил соиграчите дека пропуштаат да му ја додадат топката и сметал дека Милан е слаб клуб.

Кога во Калјари одбил да даде изјава по натпреварот, зашто беше бесен поради лошиот настап на соиграчите, тренерот Џенаро Гатузо го предупредил дека не смее така да се однесува, а тоа ги направило работите уште полоши.

Леонардо и Малдини пробале да го смират, но беше јасно што е неговиот план, односно кревање тензија за конечно да го напушти „Сан Сиро“, а тоа всушност на крајот му се исполни.

Во Челси ќе соработува со поранешниот тренер од Наполи, Маурицио Сари, со кој во минатото имаше добра соработка, па сите се надеваат дека и овој пат ќе биде така.