Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Одиграни се 11 натпревари во новата сезона во ПЛ, а уште на самиот почеток гледаме голема неизвесност.
На врвот моментално е Ливерпул со 26 бодови, еден помалку има Челси, кој засега изгледа одлично. Челси во последните 5 натпревари постигнаа 16 голови, а не примија ниту еден. На 3-то место е Сити со 24 бодови, колку што има и Арсенал. На 5-то место е Тотенхем со 21 бод, а се чека уште будењето на Јунајтед кој има 18 бодови.
Иако уште е рано за било какви прогнози, медиумите направија идеален состав во ПЛ за досегашниот дел од сезоната.
Том Хитон(Барнли)
Голманот на Барнли оваа сезона имаше 44 одбрани во ПЛ, 9 повеќе од било кој друг голман во лигата. Негова просечна оцена по натпревар е 20.36.
Виргил Ван Дијк(Саутемптон)
Ван Дијк оваа сезона беше успешен во 45 воздушни дуели во ПЛ. Имаше 6 повеќе од било кој друг дефанзивец. Тој доби оцена 31.91, а моментално се смета за него дека е еден од најдобрите дефеанзивци во лигата, а воедно и важен играч на тимот кој е на 10-то место во лигата.
Лаурент Кошчелни(Арсенал)
Стоперот на Арсенал одигра 102 одбранбени акции оваа сезона -23 повеќе од било кој друг играч на Арсенал. Доби оцена 47.80 и е совршен водач на Арсенал. Добро игра во воздушни дуели и ја чува топката на чекор пред противникот. Екипата на Венгер е без пораз во 10 натпревари.
Дејли Блинд(Манчестер Јунајтед)
Тој оваа сезона игра на позиција на стопер или на лев бек, а без оглед на позицијата, тој беше добар во додавањата на топката напред. Од сите играчи на Јунајтед, само Погба има повеќе додавања од него.
Н`Голо Канте(Челси)
Канте во досегашните 11 натпревари во ПЛ имаше 34 пресечени топки, а тоа е најмногу од сите играчи за врска во ПЛ. Поранешниот играч на Лестер продолжи во Челси да игра одлично.
Немања Матиќ(Челси)
Српскиот репрезентативец имаше 5 асистенции во англиското првенство оваа сезона. Толку ги имаше во последните 2 сезони.
Кевин Де Брујн(Манчестер Сити)
Белгиецот асистираше за 6 голови на соиграчите на Сити оваа сезона и продолжи да ја прикажува одличната форма. Создаде многу добри напаѓачки акции и креативни решенија за тимот на Гвардиола.
Месут Озил(Арсенал)
Озил имаше 281 додавање во завршницата на натпреварите, а тоа е повеќе од било кој друг во лигата оваа сезона. Германецот постигна 3 голови, а и создаде најмногу шанси меѓу играчите на Арсенал.
Филипе Кутињо(Ливерпул)
Бразилецот постигна 5 голови и 5 асистенции во ПЛ оваа сезона, сака долги топки и оваа сезона доаѓа до израз неговата креативност.
Еден Азар(Челси)
Азар полека се враќа во своја форма под водство на Конте. Добро се бори против одбраната на противниците, а стигна и до бројката од 7 голови во 11 натпревари.
Алексис Санчез(Арсенал)
Тој постигна 6 голови и 3 асистенции за Арсенал. Воедно имаше и 23 обиди да ги проигра соиграчите во казнениот простор, 13 повеќе од сите останати.